ФУДБАЛ

Проблем за Диего Симеоне: Атлетико ослабен против Барселона

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во недела гостуваат во Барселона, а Диего Симеоне има кадровски проблеми.

Иако се шпекулираше дека ќе бидат подготвени, Маркос Љоренте, Џефри Кондогбија и Антоан Гризман, сепак нема да бидат подготвени за настап на „Камп Ноу“.

Тие и денеска немаат тренирано со тимот и дефинитивно нема да играат во недела, што значи дека Симеоне мора да смисли нешто ново. Во отсуство на Гризман, се очекува нападот да го предводат Луис Суарез и Анхел Кореа, двајцата најдобри стрелци на тимот оваа сезона, но многу е можно да тргне и Жоао Феликс, зад ударниот тандем.

Овој дуел е од големо значење за двете екипи, бидејќи ова е директен дуел на четвртиот и петтиот тим на табелата, а и Атлетико и Барса жестоко се борат за пласман во Лигата на шампионите.

Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за в недела од 16.15 часот.