ФУДБАЛ

Проблем за Дортмунд, Адејеми надвор од теренот околу три недели

Фото: Soccer Football - Champions League - Round of 16 First Leg - Borussia Dortmund v Chelsea - Signal Iduna Park, Dortmund, Germany - February 15, 2023 Borussia Dortmund's Karim Adeyemi celebrates scoring their first goal - UP1EJ2F1NNSNS

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми ќе отсуствува од терените околу три недели поради повреда на скочниот зглоб, соопштија од бундеслигашот.

Адејеми скина мускулно влакно на зглобот за време на првенствениот натпревар против Херта (4:1) во неделата. Првиот гол го постигна со „петта“, а се повреди при асистенција на Доњело Мален за вториот гол и мораше да го напушти теренот во 35. минута.

На последните три натпревари Адејеми постигна три гола и имаше асистенција. Ќе ги пропушти првенствените натпревари против Хофенхајм и Лајпциг, мечот во Лондон против Челзи во Лигата на шампионите и дербито против Шалке.

Дортмунд ги освои сите осум натпревари од почетокот на годината. Тимот е втор во Бундеслигата со 43 бодови, исто толку колку и првопласираниот Баерн Минхен и третопласираниот Унион Берлин.

ПОВРЗАНО

Бундеслига