Милан денес објави дека еден од играчите на овој клуб е позитивен на коронавирус.
„Росонерите“ објавија изјава на официјалната веб-страница во која потврдија дека имаат заразен фудбалер во својот тим, и открија дека станува збор за бразилскиот дефанзивец Лео Дуарте.
Милан објави дека Дуарте бил тестиран вчера, и дека наодите биле позитивни и дека тој бил веднаш ставен во самоизолација две недели.
Исто така, сите други членови на првиот тим беа тестирани и сите наоди беа негативни. Милан најави дека првиот тим денес повторно ќе биде тестиран според протоколот, бидејќи тие ќе играат утре во Лига Европа против Бодо/Глимт.
Интересно, Дуарте пред неколку дена играше за Милан против Болоња, што е дополнителен проблем за клубот, но за среќа никој од остатокот на тимот не е заразен.
Official Statement: Léo Duarte ➡ https://t.co/tMwnfUS3my
Comunicato Ufficiale: Léo Duarte ➡ https://t.co/4lF5gfXcA9#SempreMilan pic.twitter.com/Zp7QFyxphe
— AC Milan (@acmilan) September 23, 2020