Торинскиот Јувентус се бори со коронавирусот.
Италијанскиот шампион во последните неколку дена доби два случаи на инфекција во своите редови, а позитивни се Алекс Сандро и Хуан Куадрадо.
Вчера треска имаше и Пауло Дибала. Клубот е загрижен дека вирусот се прошири и затоа торинскиот клуб одлучи да го одложи вечерашното патување во Милано
Целиот тим и стручниот штаб вечерва повторно беа тестирани. Резултатите ќе пристигнат утре наутро, а доколку има дополнителни позитивни случаи, дерби натпреварот ќе биде под знак прашалник.
Дербито е закажано за утре на Сан Сиро од 20:45 часот.