ФУДБАЛ

Проблеми во Дортмунд пред дербито со Шалке

Фото: Soccer: Champions League, Chelsea FC - Borussia Dortmund, knockout round, round of 16, second leg at Stamford Bridge, Dortmund's Julian Brandt (center) leaves the field after an injury.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џулијан Брант ќе го пропушти саботното дерби против Шалке 04 во Бундеслигата, како и следниот натпревар една недела подоцна против Келн, соопштија од клубот.

Брант се здоби со повреда на левата нога на стартот од натпреварот против Челзи во вторникот вечерта, во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимот од Дортмунд загуби со 2:0 и со вкупни 1:2 испадна од елитното европско натпреварување.

Капитенот Марко Ројс е под знак прашалник и за гостувањето во Гелзенкирхен поради грип, пренесува Sky Sports.

Дербито може да биде клучно за „вечните ривали“. Шалке го зазема претпоследното место, но е на чекор до опстанок. Од друга страна, Борусија е на второто место со 49 бодови, исто толку колку и лидерот Баерн.

Полицијата во регионот веќе е во состојба на готовност во пресрет на натпреварот кој е закажан за в сабота од 18 часот и 30 минути. Минатиот месец навивачите на Шалке 04 беа нападнати од наводни навивачи на Борусија Дортмунд и Рот Вајс Есен, при што беа повредени четири лица, па полицијата веќе изврши неколку рации во регионот.

Портпаролот на полицијата изјави дека се претресени 25 локации, главно во Есен и Дортмунд, но и во Гелзенкирхен.

ПОВРЗАНО

Бундеслига