На клубовите во Шпанија им е дозволено да тренираат во групи од вчера, и целосно се подготвуваат за продолжување на сезоната.
Продолжувањето на сезоната во Шпанија се очекува на 12 јуни, а покрај Ла Лига, веројатно ќе продолжи и Сегунда. Клубовите од пониското рангирање исто така започнаа со тренинзи, но сè уште не е познато кога ќе продолжи сезоната.
Јасно е дека многу клубови во Европа се погодени од сè што се случило, а тоа веќе се чувствува финансиски. Многу клубови веднаш ги намалија платите на своите играчи, а во Шпанија некои го сторија тоа за дури 70%.
Долните лиги беа принудени да го сторат тоа за да не банкротираат, но сега фудбалерите полека почнуваат да протестираат. Имено, избраниците на Рајо Валекано требаше веќе да започнат со тренинзи, но тие одбија затоа што сакаат да им ја вратат целосната плата.
Фудбалерите на Валекано не сакаат да започнат со тренинзи сè додека платите не се нормални повторно бидејќи рекоа дека тие се во полн погон, и дека клубот мора да го почитува она што е напишано во договорите.
Минатата недела истото го сторија и играчите на „Елче“, а челниците на тој клуб ги послушаа и им ги вратија целосните плати.