ФУДБАЛ

Проблеми во Мадрид, Модриќ мора да оди на клупа

Реал Мадрид мака мачи во преостанатиот дел од сезоната, а настапите на Мундијалот оставија трага кај некои играчи.

Најголем замор се чувствува кај Лука Модриќ, кој не е во најдобра физичка форма и некои извори пишуваат дека Карло Анчелоти има конкретен план да го опорави и да го подготви за клучниот дел од сезоната.

Големи се шансите Модриќ да добие заслужен одмор во наредните недели, за да дојде до најдобрата можна физичка кондиција за продолжението од Лигата на шампионите.

Модриќ е на прагот од 38 години и јасно е дека не може да игра како порано 50 натпревари во сезона на врвно ниво.

Карло Анчелоти има долга клупа, тука се Камавинга, Валверде, Чуамени и Себаљос, па Модриќ би можел постепено да ја подобрува формата.

Реал во четврток гостува кај Виљареал, во Купот на кралот, нема да му биде лесно, бидејќи избраниците на Кике Сетиен славеа пред 10 дена во Ла Лига.

ПОВРЗАНО

Ла Лига