ФУДБАЛ

Проблеми за Интер

Интер е на третото место во Серија А на11 пред крајот, а во следниот меч ќе бидат лишени од услугите на тренерот Антонио Конте.

Во последното коло, Интер одигра нерешено против Сасуло на домашен терен. Беше 3:3 и Конте го доби својот петти жолт картон и сега ќе мора да се „олади“.

Заработи суспензија од еден натпревар и така нема да може да го води тимот од клупата против Парма.

Следните три натпревари на Интер ќе ги пропушти и дефанзивецот Милан Шкриниар, кој беше исклучен против Сасуоло.

Покрај суспензијата од три натпревари, тој доби и парична казна од десет илјади евра.

ПОВРЗАНО

Серија А