Македонската ракометна селекција отпатува во Шафхаузен, каде треба да го одигра квалификацискиот меч од ЕП против Швајцарија. Сепак, веднаш проблеми-коронавирус. Според информациите, член на стручниот штаб, чиј идентитет не се открива, е позитивен на новиот вирус. Тој ќе оди во изолација, а останатите ја продолжуваат мисијата.
Претходно поради исто така позитвни тестови отпаднаа играчите Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, и членовите на стручниот штаб, Александар Царчев, Никола Матлиевски и Радослав Стојановиќ.
Инаку, Македонија со триумф ги стартуваше квалификациите по победата над Финска од 33-24, додека Швајцарија на вчерашното гостување кај фаворитот Данска очекувано загуби со 31-26.