Тренерот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез се најде во ненадеен проблем поради повредата на Ромелу Лукаку.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се пожали на повреда дојде на репрезентативниот собир и не го направи вчерашниот тренинг.
Наместо тоа, Лукаку беше испратен да го сними стапалото, а резултатите треба да бидат познати денес. Ако не може да игра, тој ќе биде заменет од Дрис Мертенс, Кристијан Бентеке, Дивок Ориги или Миши Батшуаји.
Да потсетиме дека Белгијците се во квалификационата група за Европското заедно со Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан и Сан Марино.
Лукаку за репрезентацијата постигнал 45 гола во 79 настапи.