Во петок очекуваме големо дерби во 15-то коло од италијанската Серија А во кое Интер ќе ги пречека фудбалерите на Рома пред своите навивачи.
Интер игра одлично оваа сезона и е на првото место со 37 бода. Тимот на Антонио Конте има само еден пораз досега во сезоната и со право се фаворити пред натпреварот против Рома.
Волчицата успеа да се извлече од малку полошите резултати, а римскиот тим моментно е на петтото место со 28 бода. Пред Рома е доста тешко гостување на „Меаца“, а денес се појави нов проблем за Волчицата.
Поточно, „Калчомеркато“ објави дека Един Џеко не тренирал утрово и се стравува дека може да го пропушти мечот против Интер. Според извештаите на медиумите на Апенините, Џеко не тренирал поради грип и не е познато кога ќе се врати на терените.
Рома се надева дека Џеко ќе биде подготвен за Интер бидејќи во моментов е единствениот напаѓач на располагање на Пол Фонсека. Покрај Џеко на тренинзите, не беа повредените Хавиер Пасторе и Џастин Клуиверт.