Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан има проблеми пред мечот со Шахтјор во рамките од Лигата на шампионите кој се игра вечерва со почеток во 18:55 часот. Како што пишуваат шпанските медиуми Еден Азар, кој имаше повреда ќе одмора до ноември, бидејќи не сакаат да ризикуваат со него, а против украинскиот тим нема да настапи ниту капитенот Серхио Рамос кој со Кадиз заработи повреда.
-„Рамос не може нормално да тренира и затоа не сакаме да ризикуваме“, кажа Зидан пред дуелот со Шахтјор.