Реал Мадрид се најде во големи проблеми пред остатокот од сезоната.
Собирите на националниот тим го оставија тренерот Зинедин Зидан без двајцата стандардни стопери Рафаел Варан и Серхио Рамос.
Капитенот Рамос се повреди на натпреварот помеѓу Шпанија и Германија. Тој се пожали на повреда и го напушти теренот во 43-та минута. Се претпоставува дека ќе мора да паузира и дека ќе го пропушти мечот со Виљареал.
Од друга страна, Рафаел Варан се повреди на натпреварот помеѓу Франција и Шведска. Тој го напушти мечот на полувреме и се уште не е познато што ја предизвикало повредата.
Покрај мечот со Виљареал, обајцата се под знак прашалник за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер следната среда, и ова е голем проблем за Зидан затоа што претходно остана без Едер Милитао.
Од почетокот на сезоната, Реал има сериозни проблеми со повредите и ќе видиме со што ќе се појави Зидан.