ФУДБАЛ

Проблемите за Барселона не престануваат: Интер бара целосна сума за Лаутаро!

Екипата на Барселона доби уште еден жесток удар.

По силните проблеми што Каталонците ги имаат поради фактот што не можат да го комплетираат трансферот на Пјаниќ, сега има проблем во потенцијалниот трансфер на Лаутаро Мартинез.

Каталонскиот гигант очајно сака да го ангажира 22-годишниот напаѓач. Тие разговараа за многу опции со Интер, но работата не е завршена.

Судејќи според зборовите на спортскиот директор на Интер, Пјер Аусили, договорот нема да биде завршен доколку Барселона не ја плати клаузулата за обештетување од 111 милиони евра.

“Лаутаро Мартинез не е на продажба. Барселона не контактираше. Имаме добри односи со нив, но јасно им кажавме дека нема така чесно да го продадеме. Тој не е на продажба, освен ако Барса не ја плати клаузулата за целосно обештетување”, појасни спортскиот директор на Нероаѕурите.

Ова е секако нов жесток удар за тимот од „Камп Ноу“, кој едноставно нема можност да плати огромни пари, а очигледно е дека Интер не е заинтересиран за размена на играчи.

Сепак, ќе видиме какво лето ќе ни донесе и работите можат многу лесно да се променат.