ФУДБАЛ

Проблемите за Шкриниар не престануваат

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар претрпи сериозни последици откако доби црвен картон на натпреварот против Сасуоло.

Потсетувме, Интер одигра нерешено 3:3 против Сасуоло пред две ноќи на стадионот „Џузепе Меаца“ и натпреварот го заврши со играч помалку затоа што Шкриниар доби црвен картон.

Набргу после тоа, словачкиот фудбалер доби строга казна од Фудбалскиот сојуз на Италија, која смета дека стоперот се однесувал неспортски и го навредувал судијата. Затоа, следните три натпревари ќе бидат вон конкуренција за натпреварите.

После тоа, се појавија информации од Италија дека екипата на Интер исто така решила да го казни својот играч во согласност со внатрешните регулативи на клубот.

На сето ова, треба да се додаде дека Шкриниар добил парична казна во износ од 10.000 евра од Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз.

Стоперот ќе ги пропушти натпреварите против Парма, Бреша и Болоња, а освен него нема да биде ниту тренер Антонио Конте на клупата на „Нероазурите“ во следниот меч, кој исто така е суспендиран.