Ливерпул го донесе 25-годишниот дефанзивец Бен Дејвис на последниот ден од преодниот рок.
„Црвените“ го платија овој фудбалер на Престон околу два милиони евра, и му овозможија потпис од соништата.
Тој веројатно нема да има премногу финансиски проблеми по овој потпис, претхондо мораше да го продаде мебелот за да собере дополнителни пари.
Така Дејвис се обиде да го продаде троседот преку Твитер:
“Дали некој сака да купи аголен тросед? Одлична состојба и малку користен. Заинтересираните да ме контактираат”, напиша Дејвис.

Фановите на Ливерпул беа заинтересирани што се случило со троседот кога тој пристигна во клубот.
“Некој го купи. Некој со кого играв во Саутпорт ме контактираше и го купи. Го доби за добра цена”, рече насмеаниот Дејвис.
So… what happened to the sofa, @BenDavies1108? 🛋️😂 pic.twitter.com/aHeuSx28iv
— Liverpool FC (@LFC) February 2, 2021
Дејвис сега ќе има можност да покаже што знае кај „црвените“ поради низа проблеми со повредите и ќе видиме како се снаоѓа.