ФУДБАЛ

Продолжувањето на Серија А од 13 јуни е под знак прашалник

Премиерот на Италија, Џузепе Конте потпиша нов указ со кој се суспендираат сите спортски настани и натпревари, барем до 14 јуни.

Серија А неодамна објави дека 13 јуни е датумот кога ќе се продолжи суспендираното натпреварување, додека претходно беше планирано клубовите да започнат да организираат групни тренинзи од денес.

Сепак, продолжувањето на групните, „контакт“ тренинзи е одложено поради проблеми и несогласувања околу медицинскиот протокол и се чини дека датумот на можно продолжување на натпреварувањето во Серија А ќе биде дополнително одложено по последниот владин декрет потпишан од премиерот Конте.

„Спортските настани и натпревари од сите видови и во сите дисциплини се суспендирани, на јавни или приватни локации до 14 јуни“, се вели во најновата уредба, пренесува SportMediaset.

Сепак, се уште постои шанса Серија А да добие посебна дозвола да продолжи, а доколку тоа не се случи, тоа сигурно ќе биде преместено барем за неколку дена – по 14 јуни.

ПОВРЗАНО

Серија А