ФУДБАЛ

Проклетството на Роналдовиот дрес со бројот 7

Во 2003 година, Кристијано Роналдо се пресели од Спортинг во Манчестер Јунајтед за 19 милиони евра.

Португалцот помина шест години во Јунајтед и постигна 84 гола во 196 настапи во Премиер Лигата и најмногу постигна во сезоната 2007/2008 – 31 гол.

Роналдо во Јунајтед играше со број 7, но по неговото заминување во Реал Мадрид, сите играчи кои го имаа овој број по него не беа славни како него.

Се разбира, беше тешко да се замени Роналдо, но откако замина од Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез, сите тие носеле дрес со бројот 7, но се постигаа повеќе од 15 гола во Премиер Лигата.

Овен бесплатно пристигна во текот на летото, кога Роналдо замина и остана три сезони на „Олд Трафорд“, постигнувајќи само пет гола во лигата и уште 12 во сите натпреварувања.

После него, овој дрес го носеше Антонио Валенсија, кој за првпат играше во дресот со бројот 25, а потоа во сезоната 2012/2013 играше со број 7 и постигна само еден гол во сите натпреварувања, пред да се врати на својот стар број.

Никој не носеше дрес со број 7 во сезоната 2013/2014, а потоа Ди Марија пристигна од Реал Мадрид и да го зеде овој број и постигна три гола, пред да се пресели во ПСЖ.

Потоа дојде Мемфис Депај, кого некои во тоа време го нарекоа “новиот Роналдо” а тој стави уште поголем товар на неговиот грб кога го зеде дресот со број 7, но постигна само два гола во лигата за една и пол година.

Последниот кој го носеше овај дрес е Алексис Санчез, но без многу успеси како и другите играчи пред него. Чилеанецот постигнаа само три гола во Премиер Лигата.

Инаку дресот со бројот 7 во Јунајтед има големо значење.

Бест, Робсон, Кантона, Бекам и Роналдо го носеа бројот 7 на грбот на својот дрес во Манчестер. Седмицата на Олд Трафорд е митски број и само најголемите имаа прилика да го носат. Традицијата беше таква, но со текот на време се изгуби. Навивачите не можат да бидат задоволни со фактот што играчи како претходно споменатите последни го облекоа светиот дрес со број 7.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига