ФУДБАЛ

Промаши пенал, испадна од ФА Купот, а потоа покажа колкаво срце има (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед синоќа повторно разочара и беше елиминиран по пенал од Мидлсброу во 1/16 финалето од ФА Купот.

По 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1, а англиските второлигаши подобро се снајдоа во престрелката и се пласираа во осминафиналето на натпреварувањето.

Еден од трагичарите на Манчестер Јунајтед беше Кристијано Роналдо кој очајно шутираше пенал во 20. минута, промаши и не успеа да ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство.

Но, поведоа над Санчо пет минути подоцна, а  во 64. минута кога Крукс погоди за 1:1 на асистенција на Вотмор, гостите дојдоа до израмнување.

Во пенал серијата трагичар на Јунајтед беше Еланга кој го промаши решавачкиот пенал.

Кристијано Роналдо по натпреварот покажа со колкаво срце има и колку е лидер на теренот. Го прегрна 19-годишниот соиграч и го тешеше по испаѓањето и неуспехот што му се случи.