Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, на 16 јули ќе биде промовиран во Интер од Мајами, соопштија од клубот од Флорида.
Аргентинецот моментално е на одмор во својата татковина, но и таму успеа да одигра два егзибициски натпревари.
Меси прво се појави на збогувањето на Макси Родригез во родното Росарио, а потоа беше актер на дуелот во Буенос Аирес каде Хуан Роман Рикелме стави точка на кариерата.
Меси својот прв натпревар за Интер треба да го одигра од Мајами на 21 јули.
