ФУДБАЛ

Пронајдено е решение за откажаните натпревари од Лигата на Европа

Веќе се игра првиот натпревар од 1/8 финале во Лигата на Европа помеѓу Ајнтрахт и Базел, Франкфурт.

Натпреварот во Комерцбанк-Арена се игра без присуство на публиката поради веќе познатите ограничувања наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот што деновиве предизвикува хаос во Европа.

Сепак, дури и пред да започне вечерашниот натпревар, реваншот кој првично требаше да се одигра на 19 март на „Св. Џејкоб-Парк“ беше одложен.

Иако УЕФА се обидуваше да ги убеди Швајцарците да се игра натпреварот, исто така, пред празните трибини, локалните власти заклучија дека е и ризично бидејќи може да има масовно пристигнување на гостински навивачи во Базел и нивно собирање во близина на стадионот.

Ваквата одлука беше донесена пред неколку дена, и се чини дека сега е пронајдено решение.

Ајнтрахт на својата официјална веб-страница објави дека реваншот ќе се одржи на „Комерцбанк арената“ во Франкфурт на 19 април, кога е предвидено да се одигра реваншот.

„Базел се согласи со Ајнтрахт и УЕФА за прагматичното решение, дека во Франкфурт ќе се одигра и вториот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Европа – оваа одлука сепак може да биде предмет на идните непредвидливи случувања. Сите страни се согласија за сите организациски аспекти. Со оглед на моменталната состојба со коронавирусот, овој натпревар најверојатно ќе се одигра пред празните трибини“, се вели во соопштението на германскиот клуб.