Македонскиот напаѓач Александар Трајковски го постигна својот прв гол во првенството на Саудиска Арабија. Тој го спаси својот тим Ал Феиха од пораз на мечот со Дамак, откако во 65-тата минута погоди за 1:1. Интересно е тоа што Трајковски влезе во 46-тата минута во игра. Ова е негов прв гол во првенството на Саудиска Арабија каде се пресели минатото лето.
📹|
شاهد هدف #الفيحاء في مرمى #ضمك والذي سجله ترايكوفيسكي
pic.twitter.com/AUrJQ5bZMB#مع_الفيحاء#دوري_روشن_السعودي— نادي الفيحاء السعودي (@Alfaihaclub) February 10, 2023
