ФУДБАЛ

Прославувајќи ја титулата, Лукаку жестоко го повика Ибрахимовиќ: Повторно се споменува Господ …

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку продолжува да го слави Скудетото, а денес се сети и на Златан Ибрахимовиќ.

По вчерашното реми помеѓу Сасуоло и Аталанта, Интер и официјално стана шампион на Италија, првпат од 2010 година, а белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е еден од најзаслужните за тоа со 21 погодок на 33 натпревари во Серија А.

“Вистинскиот Бог го круниса кралот. Сега поклони се. Кралот на Милан”, напиша Лукаку на Твитер, секако повикувајќи го напаѓачот на градскиот ривал, Милан, Златан Ибрахимовиќ.

„Милан никогаш немал крал, туку Бог“, напиша Ибрахимовиќ (39) на Твитер пред неколку месеци.

Тоа беше неговиот одговор на Белгиецот, кој во февруари по последното „Дерби дела Мадонина“, во кое Интер победи со 4:2, напиша „Нов крал пристигна во градот“.

На последното дерби меѓу Интер и Милан, Ибар и Лукаку имаа жестоки вербални судири и очигледно не се почитуваат еден со друг, или барем така изгледа во јавноста.

И додека Интер го слави Скудетото, Милан и Ибрахимовиќ ќе се обидат да останат на позициите што водат во Лигата на шампионите. Росоњерите го совладаа Беневенто во саботата и имаат 69 бода, исто колку и Јувентус и Аталанта. Милан во следното коло во Торино ќе игра против Јувентус.

https://twitter.com/RomeluLukaku9/status/1389237257345830913?

ПОВРЗАНО

Серија А