ФУДБАЛ

Протече списокот со желби на Мурињо за јануари

Доколку сака да избори пласман во Лигата на шампионите на Рома, ќе треба да донесе неколку засилувања.

„Газета дело Спорт“ денеска го објави списокот со желби на Жозе Мурињо за зимскиот преоден рок, а приоритет ќе биде доведување на играчите во средниот ред и десниот бек.

Одамна е познато на кои позиции португалскиот стручњак сака засилувања, а сега во јавноста протече и списокот на играчи кои би можеле да стигнат до Олимпико.

Што се однесува до средниот ред, кандидати се Флоријан Грилич од Хофенхајм, Џулио Маџоре од Специја и Толисо од Баерн.

Толисо е најголемата желба на Мурињо, но работите се комплицираат со високата плата во Баерн, од друга страна Грилиш е многу поисплатлива опција.

Кога станува збор за десниот бек Макс Аронс е главен фаворит. Сепак неговата цена е 20 милиони евра, пари кои Римјаните не сакаат да ги платат.

Преостанатите двајца кандидати за позицијата десен бек се Диего Далот од Манчестер Јунајтед и Бенџамин Хенрих од Лајпциг.