На шест дена пред стартот на Европското првенство, ракометната репрезентација на Црна Гора се соочува со големи проблеми поради коронавирусот. На задолжителното ПЦР тестирање кое беше направено утринава, позитивни на ковид-19 се шест ракометари и двајца членови на стручниот штаб.
Македонија е вториот противник на Црногорците и натпреварот ќе се игра на 15 јануари, додека во првото коло тие ќе се сретнат со селекцијата на Данска.