Уругвајскиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид, Хозе Гименез е позитивен на коронавирусот.
Шпанските медиуми пишуваат дека утринскиот тренинг на Атлетико бил прекинат со цел да се дознаат резултатите од тестовите за еден член.
Тестот беше позитивен, а подоцна беше потврдено дека со корона е заразен Гименез, кој веќе е изолиран и ќе биде во карантин, како што е предвидено со протоколите на шпанската Влада и Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Вчера, уругвајскиот фудбалер, наводно, го известил медицинскиот тим на клубот дека има лесни симптоми и затоа не тренирал со тимот. Протоколот беше активиран веднаш, и за жал резултатот од тестот денес е позитивен.
Екипата ќе работи индивидуално во наредниот период, а оваа ситуација потсетува на времето пред дуелот од Лигата на шампионите со Лајпциг кога коронавирусот „влезе“ во Атлетико.