Младинската машка селекција го запиша првиот пораз на MEN’S 20 EHF EURO 2024.
Денес нашите млади ракометари беа поразени од селекцијата на Франција со резултат 18:25, а натпреварот се оддигра во салата „Головец“ во Целје. Младинците ќе оддиграат уште два натпревара до крај на MEN’S 20 EHF EURO 2024, односно натпревари за конечен пласман од 9-то до 12-то место на ЕП. Противниците на нашите ракометари ќе ги дознаеме по оддигрување на натпреварите од групата I2 во која се селекциите на Унгарија, Словенија, Хрватска и Србија.
