ФУДБАЛ

Прв пораз за Атлетико каде никој не очекуваше

Во натпреварот од седмото коло во шпанската Ла Лига, поразот на Атлетико од Алавес беше сосема неочекуван (1: 0).

Атлетико пристигна на ова гостување како голем фаворит, но актуелниот шампион на Шпанија го претрпе првиот пораз сезонава по шест натпревари, додека ова се и први бодови за веќе отпишаниот Алавес.

Голот на одлука беше постигнат во четвртата минута. Дуарте нафрли, а Лагуардија со глава ја упати топката во мрежата на Јан Облак.

Тогаш Атлетико ја презеде целосната контрола на натпреварот, создаде многу шанси, но тоа не беше доволно за да се освои барем бод.

По овој пораз, Атетико останува втор на табелата со 14 бодови, додека пред него е само градскиот ривал Реал Мадрид со 16 бода, но и натпревар помалку.

Јорганџиите следен дуел го имаат во Лигата на шампионите со Милан на Сан Сиро, кој ќе се одигра во вторник.

ПОВРЗАНО

Ла Лига