РАКОМЕТ

Прв пораз за Лазаров со Нант во францускиот шампионат

Екипата на Нант за која настапува најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, синоќа на домашен терен загуби од Монпеље со 30:27.

Иако на полувремето Нант водеше со 15:14, сепак на крајот го загуби дербито на 4.коло во Француската лига што е нивни прв пораз оваа сезона.

Лазаров натпреварот го заврши со два постигнати гола и една асистенција.

Во наредното коло, Нант и Лазаров гостуваат кај Данкерк.