МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред своите навивачи има шанса по седми пат во клупската историја да го освои пехарот од домашното кошаркарско првенство.
Напорната сезона, повредите но и кратката клупа се дел од причините поради кои бранителот на титулата Работнички немаше сили за израмнување во вториот натпревар, дозволувајќи МЗТ Скопје да поведе со 2-0 во финалната серија од плејот.
Третиот натпреварот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15.
Извор: 1ТВ