Фудбалерите на Бурнемут ја постигнаа првата победа во новата сезона од Премиер лигата, откако синоќа на „отворањето“ на 5. коло како домаќини го совладаа Брајтон со 2:1.
До првите бодови Бурнемут стигна со пресврт, бидејќи противникот поведе во 55. минута преку Сали Марч.
Човекот на пресврт беше Џордан Ајб, кој во игра влезе во 65. минута и асистираше на постигнувањето на двата гола. Во 67. минута стрелец беше Ендрју Шурман, а во 73. минута Џермејн Дефо.
Бурнемут сега е во групата на екипи со три бодови заедно со Лестер и Вест Хем, додека без бод е Кристал Палас. Брајтон со четири бодови остана на 14. место на табелата.
Попладнево се играат уште седум натпревари од 5. коло, а последните два дуели на програмата се утре.