Томас Тухел му порача на управата на Баерн дека сака нов напаѓач, но тоа не е се.
Според денешните информации, Тухел му рекол на Баерн да се обиде да го донесе Усман Дембеле од Барселона, што нема да биде толку тешко доколку Французинот ја прифати понудата.
Имено, според договорот што Дембеле го потпиша минатото лето и само до јуни 2024 година, неговата откупна клаузула во Барселона беше одредена на само 50 милиони евра.
Таа нема да биде активна цело лето, но ќе биде доволна за Баерн Минхен, секако доколку Дембеле даде зелено светло.
Французинот засега нема намера да ја напушти Барселона, бидејќи со Чави го игра својот најдобар фудбал и знае дека го чека важна улога и во следната сезона, бидејќи знае дека има предност пред Рафиња.
Неговиот агент Муса Сисоко започна преговори за нов договор, но понудата на Баерн може да ги стави во подобра позиција да извлечат што повеќе пари од Барселона.
Сепак, не треба да заборавиме дека Тухел и ова лето го повика Дембеле во Челзи, но дека Французинот потоа ја избра Барса поради подобар проект. Сега навистина не е така, Барселона во моментов е едвај подобра од Баерн Минхен и на тоа смета Тухел.
Дембеле на големата сцена стапна со Тухел, кој од Рен го донесе во Борусија Дортмунд за само 15 милиони евра.
Во таа единствена сезона 2016/17, пред трансферот во Барселона, Дембеле постигна 10 гола и забележа дури 22 асистенции на 50 натпревари.
Ќе го изберат Тухел или Чави и кој проект е подобар во овој момент?
