Во недела ќе се одигра едно од најголемите дерби на светот, она меѓу Барселона и Реал.
Двата тима влегуваат во овој одличен судир расположени, со оглед на тоа што остварија триумфи во Лигата на шампионите. Барселона славеше на домашен терен против Киев Динамо (1:0), додека Реал го совлада Шахтјор на гости со убедливи 5:0.
Секако, „Ел Класико“ е и главна спортска тема во европските медиуми, а за еден од нив, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за очекувањата.
Тој истакна дека е оптимист, и дека е убеден дека Барселона ќе победи.
“Имам добро чувство. Победивме на последните два натпревари, играчите се опоравуваат, а Фати и Агуеро се вратија. Играме на нашиот терен и сакаме да ги израдуваме нашите навивачи”, изјави Лапорта.
“Очекувам играта да биде одлична и љубителите на фудбалот да уживаат во неа. Уверен сум дека ќе победиме и ако тоа се случи ќе славиме”, додаде претседателот на Барселона.