ФУДБАЛ

Првиот човек на Ла Лига среќен поради казната за Манчестер Сити

Во следните две сезони во Лигата на шампионите веројатно нема да го гледаме Манчестер Сити.

УЕФА го суспендираше Манчестер Сити откако беа утврдени големи пропусти и нарушувања на финансискиот фер-плеј, со тоа што Меѓународниот суд за спортска арбитража го има последниот збор, за што граѓаните без сомнение ќе се жалат.

И додека се разочарани во Манчестер Сити, веста од УЕФА со ентузијазам ја прими првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој инсистираше на ваква казна пред неколку години.

„УЕФА конечно презеде пресудна акција. Примената на правилата за финансискиот фер-плеј и казнување за кршење на него е клучно за фудбалот. Ние со години баравме соодветна акција против Манчестер Сити и ПСЖ. Подобро од кога и да било“, напиша Тебас на неговиот профил на Твитер.

ПОВРЗАНО

Ла Лига