ФУДБАЛ

Првиот човек на ПСЖ конечно може да здивне: Тој е ослободен од обвиненијата за продажба на ТВ-права

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е ослободен од обвиненијата за измама за продажба на радиодифузни права за СП 2026 и 2030 година.

Од друга страна, другиот обвинет, поранешниот генерален секретар на ФИФА, Џером Волф, доби условна казна од 120 дена.

На крајот од судењето, првиот човек на ПСЖ истакна:

„По четири години неосновани, измислени обвинувања и постојани напади врз мојата репутација, судскиот систем одлучи да ме ослободи целосно. Одлуката на судот е вистинска победа “, рече Ал-Келаиф

Швајцарското обвинителство го обвини Ал-Келаифи дека го поттикнал Волф да ја злоупотреби својата позиција. Претседателот на францускиот клуб беше осуден на 28 месеци затвор. Ал-Келаифи беше вклучен во случајот како шеф на телевизиската група „beIN Media“.

 

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026