ФУДБАЛ

Првиот човек на ПСЖ објави два големи потписи: Доверливи се, но убеден сум во тоа

Европскиот вицешампион ПСЖ се пласираше во нокаут фазата во Лигата на шампионите и оваа сезона.

Како што се очекуваше, Парижаните го најдоа своето место меѓу 16-те најдобри екипи во Европа, а по мечот со Башакшехир пристигнаа уште убави вести за навивачите на парискиот тим.

Првиот човек на клубот Насер Ал-Келаифи објави дека Килијан Мбапе и Нејмар наскоро би можеле да потпишат нови договори со клубот.

„Почнавме преговори со Нејмар и Мбапе“, изјави Ал-Келаифи за РМЦ Спорт и продолжи:

“Преговорите се доверливи, но убеден сум дека сè ќе биде во ред. Обајцата сакаат да останат во клубот”, изјави првиот човек на францускиот шампион.

Двајцата фудбалери долго време се поврзуваа со напуштање. Мбапе долго време беше желба на Реал, а Нејмар се поврзува со враќање во Барселона.

Сепак, засега се чини дека нема да има ништо од заминувањата, и двајцата играчи би можеле да ја продолжат соработката со ПСЖ.