МСК Жилина, фудбалски тим кој седумпати беше шампион на Словачка, прогласи банкрот.
Од клубот излегоа со изјава во која објаснуваат за тешката состојба во која се наоѓа клубот и најавија дека сите играчи треба да започнат да бараат нов клуб бидејќи овој ќе биде ликвидиран.
Работата на клубот официјално ќе биде прекината на 30 април годинава, а играчите ќе можат да бараат нов клуб од тој датум, без оглед на постојните договори.
Колапсот на клубот беше предизвикан поради неможност да се согласат со играчите за плаќања и намалувања на платите заради ефектите на пандемијата на коронавирусот, а бидејќи клубот веќе некое време е во несигурна финансиска состојба, беше решено дека ликвидацијата е единствената опција.
Жилина беше на второто место на табелата пред сезонската пауза поради избувнувањетп на пандемијата на коронавирусот, со 10 бодови помалку од Слован Братислава и седум повеќе од Дунајска Стреда.