Барселона пред два дена го совлада Пумас во традиционалниот меч во рамките од „Жоан Гампер“ купот со 6:0. На овој меч Левандовски, големото засилување на Каталонците го постигна својот прв гол во новиот клуб и тоа за 1:0. Вистинска мајсторија, а кој не го видел мора да го погледне. Освен голот, тој на овој меч имаше и две асистенции.