Сега е официјално. Томас Тухел е именуван за менаџер на Челзи по разрешувањето на Френк Лампард.
Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и ПСЖ потпишаа 18-месечен договор со Челзи со можност за продолжување на уште една година.
Тој е среќен што му е дадена можност да води тим како Челзи во лигата, според него, највозбудливата во фудбалот.
“Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата. Секој во мојот тим има почит кон Френк Лампард и сè што направи за Челзи. Во исто време, едвај чекам да ги запознаам играчите и да се натпреварувам со нив во највозбудливата лига во светот. Благодарен сум што сум дел од семејството Челзи, чувството е одлично “, рече Тухел.
Тухел беше слободен веќе неколку недели откако беше отпуштен од ПСЖ.