ФУДБАЛ

Прво негативно искуство на Суарез во Атлетико

Луис Суарез беше стартер против Ред Бул Салцбург, но по натпреварот не беше задоволен.

Атлетико победи со 0-2, обезбедувајќи пласман во нокаут фазата, сепак Диего Симеоне може да има проблеми со Суарез.

Имено, аргентинскиот стручњак го замени Уругваецот на средината на второто полувреме, а реакцијата на искусниот напаѓач на клупата кажува сè.

Од изразот на неговото лице можеше да се види видливото незадоволство на 33-годишникот кој го продолжи својот долг пост без погодок на гостински терен на натпреварите од Лигата на шампионите.

Патем, на некој начин, потегот на Симеон да го замени Суарез е на некој начин разбирлив, бидејќи „јорганџиите“ викендов играат големо дерби против Реал Мадрид.