ФУДБАЛ

Прво соочување во соблекувалната на Барселона: Чави слушна што зборува Пике и жестоко му одговори

Барселона оваа сезона игра неспоредливо подобро од претходните две, но јасно е дека ситуацијата во клубот се уште не е баш добра.

 

Жоан Лапорта и неговите соработници во претходната година завршија неверојатна работа кога е во прашање враќањето на долгот, а за многумина неверојатен е фактот дека Барселона моментално работи во минус.

 

Поради ова, каталонскиот клуб летово успеа да доведе звучни засилувања, но јасно е дека ситуацијата се уште не е толку сјајна кога се во прашање финансиите.

Во Барселона се свесни дека ќе мора да направат уште неколку измени во однос на буџетот за платите на првиот тим, но шпанските медиуми наведуваат дека почнале да прават грешки кои може скапо да ги чинат.

 

Каталонски Спорт објави дека дошло до првиот конфликт во соблекувалната на Барселона и дека во центарот на вниманието биле Чави и Жерар Пике, кој е се понезадоволен што оваа сезона ја грее клупата.

 

Наводно, Пике им се пожалил на соиграчите дека е незадоволен од својата минутажа, која на крајот стигнала до Чави, а Спорт наведува дека тренерот на Барселона му рекол на искусниот дефанзивец дека поради тие зборови сега ќе игра помалку.

Пике се појави само на два натпревари и го загуби првотимскиот статус по речиси 14 години, што ретко кој очекуваше да се случи. Сепак, Спорт наведува дека клубот има јасен план со Пиќе и дека чекаат тој целосно да го загуби трпението.

Имено, тој пред две години изјави дека самиот ќе го напушти клубот доколку на негово место дојде нова генерација и помлади играчи, а наводно клубот сега чека тој да побара раскин на договорот.

 

Тоа многу би и помогнало на Барселона бидејќи би се ослободиле од платата на Пике, но сепак е неверојатно навивачите да се однесуваат вака со него.

Пике во три наврати го спасуваше клубот со намалување на платата што им овозможи да донесат нови играчи и тој сигурно не заслужи да заврши на ваков начин.

 

Чави очигледно го прави тоа што му го кажува Лапорта и тоа е она што најмногу му замерува на Пике. Спорт пишува дека имале вербален конфликт и дека сега речиси воопшто не комуницираат и дека тоа е претежно чисто бизнис на тренинзите и натпреварите.

 

Пике има договор до летото 2024 година и ќе биде интересно да се види дали на крајот ќе се откаже и ќе побара раскин на договорот, што е јасно она што го сакаат во Барселона. После се што даде за тој клуб, не заслужи на таков начин да си замине од Камп Ноу.