ФУДБАЛ

ПСЖ, Баерн, Ливерпул наредија за француската сензација!

Ливерпул се уште не се откажува од Џуд Белингем.

Англичанецот е приоритет за црвените, но свесни се дека Реал Мадрид е сериозен конкурент во трката за потписот на фудбалерот на Борусија Дортмунд.

Алтернативи има и Ливерпул, еден од нив е младиот Ману Коне кој моментално настапува за Борусија Менхенгладбах.

Коне е одличен во дефанзивниот аспект, еден од најдобрите е кога треба да ја разбие играта на противникот. Сепак, и таму „црвените“ ќе имаат сериозна конкуренција доколку одлучат да го купат 21-годишниот Французин.

Коне е желба и на „богатите“ во форма на ПСЖ и Њукасл, се споменува и интересот на Баерн Минхен. Се проценува на околу 25 милиони евра, јасно е дека поради големиот интерес цената ќе биде поголема. Борусија за него плати 9 милиони евра, добра заработка се чека на Гладбах.