ФУДБАЛ

ПСЖ бара од Меси да остане уште малку во клубот

Договорот на Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната 2022/23. Како што дознава Марко, парижаните се заинтересирани да ја продолжат соработката и Лео да остане уште малку во клубот, поточно договорот да биде продолжен на уште една сезона.

Уште од кога Меси е во Париз, се поставува прашањето дали по сите тие солзи би можел брзо да се врати во Барселона или единствената реална опција за него е да замине во Америка. Настапите во Париз и некои вести дека таму не е среќен навестуваа неизбежна разделба. Ниту во Лигата на шампионите немаше успех, но и покрај сето тоа се чини дека нема да има промени.

 

Марка дознава дека ПСЖ сака да го задржи Меси до летото 2024 година. Наводно се уште е рано Лео да одговори на оваа понуда, иако се уште нема конкретна приказна за бројките и другите услови кои би биле дефинирани со договорот.

Не треба да очекуваме никакви засилувања пред Светското првенство во Катар каде Меси сака да види што носи иднината. Од друга страна, ПСЖ е свесен дека Меси имаше тешка прва сезона, која беше комплицирана кога Лео се зарази со корона вирусот. Затоа веруваат дека може да донесе многу повеќе кога ќе се прилагоди.

 

Покрај сето тоа, ПСЖ го сака Меси и поради богатите спонзорски договори кои пристигнаа кога Аргентинецот слета во Париз.