Според француските медиуми, ПСЖ ќе биде без Томас Меуние во наредниот месец.
Имено, тој го повреди мускулот на левата нога и затоа ќе треба да го напушти теренот.
Дополнителни тестови ќе бидат направени утре, но првите претпоставки се дека овој играч ќе биде минимум еден месец надвор од терените.
Се предвидува дека, доколку се оди добро, тој би можел да се врати на терените за натпреварот против Лил на 23 или 24 ноември.
Сепак, има и позитивни вести за навивачите, но и седиштето на ПСЖ, а тоа е дека Херера се опорави од повредата и подготвен за престојните натпревари.