ФУДБАЛ

ПСЖ доби понуда од 50 милиони евра за Мбапе

Францускиот ПСЖ доби понуда од 50 милиони евра за Килијан Мбапе.

Бидејќи договорот за 23-годишниот напаѓач истекува на крајот на сезоната, Реал Мадрид наводно одлучил да понуди 50 милиони евра и да го доведе Мбапе уште во јануари.

За агентот на „Gazzetta dello Sport“, Џовани Бранчини.

Реал Мадрид сака веднаш да го доведе Мбапе и понуди 50 милиони евра на ПСЖ. Сега е на нив.Не знам што ќе се случи, но постапките на Флорентино Перез заслужуваат внимание. Ова се пораки кои ја покажуваат стабилноста на Клуб. Штета за сите ќе биде таков играч да оди бесплатно“, изјави Бранчини.

Сепак, тешко е да се поверува дека трансферот ќе се реализира бидејќи Мбапе неодамна изјави дека ќе остане во Париз до крајот на сезоната.

“Не се селам во Реал Мадрид во јануари. Тоа сигурно нема да се случи. Јас сум играч на ПСЖ, среќен сум таму и ќе ја завршам сезоната 100 проценти како играч на ПСЖ. Ќе дадам се од себе за да ги освојам сите можни трофеи со ПСЖ. Имам голема почит кон клубот и моите соиграчи.

Одличниот напаѓач не жали што минатото лето не премина во редовите на кралскиот клуб.

“Дали се каам? Не. Искрено не се каам за ништо. Секогаш го кажувам она што ми е на ум и никој не може да го критикува бидејќи тоа се моите чувства кои ги имам”, изјави Мбапе.