ФУДБАЛ

ПСЖ донесе одлука за Нејмар, тој има само „мал“ проблем!

Нејмар се уште се опоравува од операцијата во Катар. Бразилецот не можеше да му помогне на тимот во Лигата на шампионите, далеку е од враќање на терените, а „светците“ за разлика од некои изминати сезони не се толку убедливи ниту во првенството. Ги загубија последните два натпревари, Ленс се доближи на шест бода, толку заостана зад најголемиот ривал Марсеј, кој можеше да го искористи киксот на лидерот, но загуби четири бода во последните три меча.

Потрагата по тренер продолжува во втор план, Галтие останува само доколку клубот не го најде вистинското решение, иако нема да биде лесно бидејќи ПСЖ веќе потроши многу врвни тренери.

Во меѓувреме, клубот ја созреа одлуката да се ослободи од Нејмар, целта е да донесе што повеќе млади француски фудбалери и да го убеди Мбапе дека останувањето беше вистинската одлука. Тоа е целосно спротивно на намерите од минатата година кога потпишаа петгодишен договор со Нејмар.

Сакаат да го продадат, всушност да се ослободат од неговата плата, но тоа е веројатно најтешката работа на светот. Веќе го истражуваа пазарот, никој не е заинтересиран. Односно, никој не би го земал ни на заем и не би му ги платил огромните приходи, а да не зборуваме за обесштетување.

Нејмар не е ни заинтересиран за враќање во Бразил, неговото место во „Селесао“ не е доведено во прашање, дури и да беше резерва, едноставно нема работи кои би можеле да го уценат. Нема да се откаже од парите, се работи за огромна плата од 36 милиони евра нето, во овој момент никој не би платил ниту половина од таа сума, за играч кој често е повреден, но и непрофесионален.

Како и да е, заминувањето на Нејмар е невозможна мисија, особено што тој веќе ја отфрли можноста за преселба во егзотичните лиги на Блискиот Исток, а во МЛС тие пари би ги платиле за Меси, а не за Бразилецот.