ФУДБАЛ

ПСЖ е премногу моќен за сите останати во Франција

ПСЖ синоќа во Тел Авив го совлада Нант со 4:0 и го освои Суперкупот на Франција.

 

Парижаните во новата сезона влегоа со нов тренер. Кристоф Галтиер го замени Маурисио Покетино и аиноќа на првиот официјален натпревар можевме да видиме дека ПСЖ ќе игра многу ефикасен фудбал.

 

Формацијата 3-4-3 и без Мбапе во тимот донесе многу разигран и ефикасен ПСЖ и веќе е јасно дека нема да има рамен во Франција.

Постојано врнеше дожд пред голот на Нант, а вториот гол Парижаните го постигнаа во петтата минута од судиското надополнување. Нејмар постигна прекрасен гол за 2:0.

Во продолжението од натпреварот ПСЖ ја заврши работата со уште два гола. На 3:0 зголеми Серхио Рамос со одличниот петти гол во 57. минута, а точка на овој меч стави Нејмар во 82. минута од пенал за конечни 4:0.

За одбележување е дека Нант мечот го заврши со играч помалку, а исклучен беше  Кастелето кој исто така го промаши пеналот.