Се чини дека ПСЖ нема да може да ги задржи двете најголеми sвезди во клубот и ќе мора да жртвува една од нив.
ПСЖ се многу посветени на задржување на Килијан Мбапе во клубот, па тој е отворен за продажба на кој било друг играч, вклучително и Нејмар.
Француската sвезда е несомнено број еден во француската престолнина.
Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека ПСЖ е подготвен да му понуди на Мбапе една од најпрофитабилните плати во фудбалот, со цел да се осигура дека останува во клубот.
Тековниот договор на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2022 година, при што Реал Мадрид покажа голем интерес за него.
Но, францускиот клуб се надева дека ќе го убеди да остане и да не му се приклучи на Реал Мадрид.