ФУДБАЛ

ПСЖ го комплетираше ДЕСЕТОТО засилување летово, првата ривалска ѕвезда пристигнува во Париз за 45.000.000 евра!

Шампионот на Франција и убедливо најбогат клуб во оваа земја, Пари Сен Жермен е на добар пат да го официјализира десеттото засилување во летниот преоден рок.

Останува само 20-годишниот офанзивец Бредли Баркола да ги помине медицинските прегледи за да се пресели од Олимпик Лион во редовите на ПСЖ.

Доколку се оди според планираното, „светците“ за неговиот трансфер ќе одвојат 45.000.000 евра, а Баркола ќе потпише петгодишен договор со новиот клуб.

Така, еден од најбрзите играчи во Франција ќе дојде во „Паркот на принцовите“ и ќе им прави друштво на сонародниците Усман Дембеле и Килијан Мбапе во врвот на нападот.

ПСЖ се снабди летово. Пред Баркола во Париз пристигнаа дури девет нови играчи. Во прашање се Мануел Угарте, Усман Дембеле, Лукас Ернандез, Канг-Ин Ли, Чави Симонс (веќе испратен на позајмица во Лајпциг), Гонзало Рамос, Милан Шкриниар, Марко Асенсио, Арнау Теанас и Шер Ндур.

Така новиот тренер Луис Енрике ќе има голема работа да го состави вистинскиот тим и да најде место за голем број дебитанти.