Францускиот шампион ПСЖ го контактираше раководството на Јувентус околу евентуалниот трансфер за репрезентативецот на Германија Сами Кедира.
Парижаните го сакаат 31-годишниот играч од средниот ред на „Старата дама“. Испратиа понуда на адресата на тимот од Торино, но таа е одбиена и Кедира останува во Јувентус.
Искусниот фудбалер е врзан со договор кој трае до идната година. Сепак, се очекува „Бјанконерите да му понудат нов договор, па Кедира ќе остане член на Јувентус и во наредните години.
Кедира дојде во Јувентус во 2015. година од редовите на Реал Мадрид. Се покажа како вистинско засилување, а во 110 одиграни натпревари постигна 20 голови.
Претходно покрај Реал играше и за екипата на Штутгарт, а исто така е стандарден репрезентативец на Германија